Свет 26. август 2018. / 10:55

Иран со Русија ќе прави нова атомска централа

Иран со Русија ќе прави нова атомска централа

Иранскиот министер за енергетика Реза Ардаканијан изјави дека Техеран ги обновил преговорите со Русија за изградба на нова атомска централа со капацитет од три гигавати.

Според агенцијата Тасним, моментно Иран може да произведува еден гигават електрична енергија.

Во Иран веќе функционира нуклеарниот реактор „Бушехр“, изграден од Русија, кој е првата иранска атомска централа.

Во 2014 година Москва потпиша договор со Техеран за изградба на уште осум реактори во Иран.