Свет 07. јануари 2020. / 12:53

Иран разгледува 13 сценарија за одмазда кон САД

Иран разгледува 13 сценарија за одмазда кон САД

Иран разгледува 13 сценарија за одмазда поради американскиот воздушен напад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак.

Вакво нешто најави секретарот на Врховниот совет за безбедност на Иран, Али Шамхани.

– Американците треба да знаат дека досега е разговарано за 13 одмазнички сценарија, па дури и ако постои консензус за извршување на најлошото сценарио, тоа може да биде историски кошмар за Американците – предупреди Шамхани.

Изјавата на Шамхани ја пренесоа западни медиуми повикувајќи се на иранската агенција Фарс.