Свет 11. јануари 2020. / 09:28

Иран призна: Ненамерно го урнавме украинскиот авион

Иран призна: Ненамерно го урнавме украинскиот авион

Иран признa  дека ненамерна  „човечката грешка“ е причина на за уривањето на украинскиот авион во кој загинаа   176 лица.

Во изјавата за државната телевизија, утрово, иранското Министерство за одбрана објави дека авионот летал близу до чувствително воено место кое припаѓа на Револуционерните гарда и дека е „ненамерно – човечка грешка“.

Виновните ќе бидат предадени на судскиот орган на Министерството за одбрана и ќе бидат одговорни, тврдат властите  во Техеран.

Претседателот Хасан Рохани исто така издаде писмена изјава во која се вели дека „Иран длабоко жали за грешката за соборување на украинскиот патнички авион“.

Несреќата на украинскиот авион е предизвикана од „човечка грешка“ и поради „американски авантуристизам“, тврди иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Јавад Зариф.

„Тажен ден. Прелиминарни заклучоци од внатрешната истрага на вооружените сили: Човечката грешка во кризата  предизвикана од американскиот авантуристизам доведе до катастрофа“, напиша Мохамед Зариф на Твитер.

Тој изрази „длабоко жалење, извинување и сочувство до народот, до семејствата на сите жртви и другите засегнат и нации“.

Падот на украинскиот авион во средата само го засили меѓународниот притисок врз Иран по месеците напнатост со САД и размената меѓусебни напади. Минатата недела Вашингтон во Ирак го уби иранскиот генерал Сулејмани и предизвика ирански одговор и напад на американски цели.

САД и Канада, чиишто 57 државјани загинаа во авионската несреќа, го обвинија Иран за соборување на авионот, а во тие тврдења се наведуваше дека соборувањето било случајно.