Свет 26. јануари 2020. / 14:30

Иран подготвен за неограничено збогатување на ураниум

Иран подготвен за неограничено збогатување на ураниум

Иранската организација за атомска енергија (АЕОИ) објави дека е подготвена за збогатување ураниум на кој и да еј процент, предизвикувајќи загриженост за нуклеарната програма на земјата.

– Штом политичкото раководство ќе даде зелено светло, АЕОИ е подготвена да го збогати ураниум на неограничено ниво – изјави заменик-претседателот на АЕОИ, Али Асгар Зрајан.

Како што појасни Зарејан, Иран работи и на нова генерација центрифуги кои можат значително да го забрзаат процесот на збогатување на ураниум. Тој додаде дека АЕОИ веќе тестира нови центрифуги.

Високо збогатениот ураниум се користи за развој на нуклеарно оружје.