Свет 04. февруари 2020. / 11:44

Иран осуди на смрт маж обвинет дека шпионирал за Америка

Иран осуди на смрт маж обвинет дека шпионирал за Америка

Судот во Иран осуди едно лице на смрттна казна по обвинение дека шпионирал за американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), соопшти портпаролот на главниот ирански кривичен суд Холамхосеин Исмаили.

Тој на конференција за новинарите во Техеран соопшти дека уште две лица во истата постапка осудени се казна затвор во траење од десет и пет години.

Иранските медиуми минатото лето објавија детали за голема мрежа на сајбер шпионирање, за која се тврди дека е под контрола на разузнавачките служби на САД.

Во извештаите на медиумите се наведува дека се идентификувани 17 шпиони кои ги обучиле САД.

Медиумите објавија фотографии и видео снимки кои, наводно, претставуваат доказен материјал за обидите на Америкнаците да ангажираат Иранци да работат против властите во Техеран.