Свет 04. ноември 2019. / 13:26

Иран одбележува 40 години од заземањето на Амбасадата на САД во Техеран

Иран одбележува 40 години од заземањето на Амбасадата на САД во Техеран

Илјадници Иранци скандираа „Смрт на Америка“ во близина на некогашната Амбасада на САД на денот кога се одбележуваат 40. години од студентското заземање на Амбасадата на САД во Техеран во 1979 година и заложничката криза што траеше 444 денови.

Државната телевизија емитуваше снимки од демонстрантите околу поранешната Американска амбасада која по Иранската исламска револуција во 1979 година е наречена „дувло на шпиони“.

Собири се одржани во околу илјада населени места ширум Иран.

Набрзо по падот на шахот Реза Пахлави студенти исламисти упаднаа во Амбасадата на САД и 52 Американци држеа во заложништво 444 денови. Оттогаш Иран и САД се непријатели. Упадот во Американската амбасада се случи откако Вашингтон му дозволија на соборениот шах Пахлави да се лекува во САД.

– Нашата борба со Америка е поради нашата независност, поради тоа што се спротивставуваме на малтретирањето, поради нашите вредности, верување и нашата религија. Тие (Американците) ќе го продолжат своето непријателство кон нас, како отровна шкорпија во чија природа е да нанесува смртоносни убоди и не може да се запре ако и се застане на пат. Тие кои веруваат дека преговорите со непријателот ќе ги решат нашите проблеми сигурно грешат – изјави началникот на Генералштабот на иранската армија Абдолрахим Мусави.