Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавид Зариф денеска изјави дека не исклучува нови освети кон Вашингтон заради убиството на водечкиот ирански генерал претходно годинава.
– Официјалната иранска освета е готова, изјави Зариф на меѓународната конференција за безбедност во Минхен.
Но, не ја исклучи можноста осветата кон САД да ја направат жителите на Ирак. Убиството на Сулејмани на ирачка земја го собра гневот на жителите на оваа земја против САД, рече Зариф.

Напнатоста на Блискиот исток ескалираше откако во напад на американското воздухопловство во Багдат на 3 јануари беше убиен Касем Селејмани, командант на Иранската револуционерна гарда.
Иран набрзо се освети со ракетни напади врз две американски бази во Ирак во кој се ранети десетици американски војници.
Американските напади предизвикаа и бран демонстрации на Ирачаните кои бараат Американците да се повлечат од земјата.