Свет 17. ноември 2020. / 17:14

Иран: Нашиот одговор на напад од САД ќе беше жесток

Иран: Нашиот одговор на напад од САД ќе беше жесток

Каков било американски напад врз Иран ќе добие жесток одговор, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи, по извештаите во медиумите дека американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела ја разгледувал опцијата за напад врз главната иранска нуклеарка.

-Каква било акција против иранската нација сигурно ќе добие немилосрден одговор, рече Рабиеи.

Британските медиуми вчера јавија дека неименуван американски функционер тврдел дека Трамп, на два месеца пред заминувањето од Белата куќа, на средба со врвните советници за национална безбедност, во Овалната соба ги разгледувал опциите за напад врз Иран.

Советниците, наводно, го одвратиле од оваа замисла заради ризикот од поширок конфликт.

Меѓу нив бил и државниот секретар, Мајк Помпео, кој утре ќе го посети Израел, земјата која долго ја разгледува воената акција против непријателски Иран.

– Многу е важно Иранците да знаат дека ако навистина тргнат кон збогатување на ураниум за нуклеарно оружје, тие ќе станат ранливи на напади од воената моќ на САД и евентуално на други земји, додаде Штајниц за израелското воено радио.

Иран негира дека цел на неговата нуклеарна програма е воена, а Рабиеи го обвини Израел за „психолошка војна“ против неговата земја.

-Лично, не мислам дека е веројатно САД да сакаат да предизвикаат несигурност во светот и регионот, заклучи иранскиот владин портпарол.

Тензиите помеѓу САД и Иран беа на највисоко ниво на почетокот на оваа година, кога во воздушен напад САД изврши атентат над еден од најзначајните лидери на Иранската револуција и револуционерната гарда, Касем Солејмани. Иран возврати на тој напад со бомбардирање на воена база на САД во Ирак, но оттогаш страстите се смирени и овие известувања на анонимните членови на Белата куќа се само шпекулации.