Свет 18. септември 2019. / 22:04

Иран ќе одржи воена парада со 200 бродови во Персискиот Залив

Иран ќе одржи воена парада со 200 бродови во Персискиот Залив

Иран на 22 септември во Персиски Залив ќе ја одржи годишната воена парада, на која ќе учествуваат 200 бродови, објави порталот „Иран фронт пејџ“ повикувајќи се на воени извори.

Иран одлучи да ја одржи воената парада во момент на зголемени тензии помеѓу Вашингтон и Техеран.

Околу 200 фрегати и брзи чамци на Иранската револуционерна гарда ќе учествуваат во парадата во Персиски залив на 22 септември за да се одбележи годишнината од почетокот на иранско-ирачката војна од 1980 година – истакнува иранскиот портал.