Свет 09. февруари 2020. / 12:49

Иран го лансира сателитот Сафир

Иран го лансира сателитот Сафир

Иранската влада соопшти дека Иран ќе го лансира сателитот Сафир. Ова лансирање се спроведува во рамки на програмата за која САД тврдат дека е параван за развој на балистичките ракети.

Сателитот Сафир денеска ќе биде испратен во орбитата со брзина од 7.400 километри, соопшти иранскиот министер за информации и комуникациски технологии, Мохамад Џавад Азари-Јахроми, пренесе иранската агенција Ириб.

САД стравуваат дека балистичката технологија од долг дострел која се користи за лансирање сателити во орбитата може да се користи и за лансирање на нуклеарни боеви глави.

Техеран негира дека активностите поврзани со сателитите се параван за развој на балистички ракети, тврдејќи дека никогаш не развивал нуклеарно оружје.