Свет 16. март 2020. / 14:04

Иран го бележи најлошиот ден од почетокот на епидемијата

Иран го бележи најлошиот ден од почетокот на епидемијата

Иран го бележи најлошиот ден од почетокот на епидемијата со корона вирусот. Во последните 24 часа починаа 129 луѓе, со што вкупниот број на умрени од почетокот од епидемијата се искачи на 853. Вкупно заразени има 14.991 лица.

Речиси 170 илјади луѓе во светот се заразени со корона вирус, а од нив умреле 6509 лица.

Бројот на заразени и смртни случаи надвор од Кина го надмина бројот од истите во земјата во која избувна болеста Ковид-19 предизвикана од корона вирус, а посебно погодена е Европа.

ОСвен Кина, корона вирусот досега зафати 156 земји, со најголемо жариште во Европа, а посебно во Италија, Шпанија, Германија и Франција.

Италија до денеска бележи 1890 смрти случаи и 24.747 заразени. Во Шпанија се починати 292 лица, а заразени се 7845, додека Германија бележи 11 смртни случаи и 5813 заразени, а Франција 127 умрени и 5423 заразени.