Иранските власти одлучија да ги затворат училиштата и универзитетите во обид да го спречат ширењето на корона вирусот, соопштија од министерството за здравство на таа држава.
Иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека корона вирусот се раширил во скоро сите ирански провинции, но дека земјата ќе се справи со тоа.
Според најновите податоци на иранското Министерство за здравство, од корона вирусот во земјата досега починале 107 луѓе, додека 3.513 се заразени, вклучително и државни службеници.
Државната телевизија соопшти дека за в петок се откажани молитвите во сите главни градови на провинциите.