Свет 18. октомври 2018. / 14:28

Иран ги врати визите за Србите

Иран ги врати визите за Србите

Иран го укина безвизниот режим за државјаните на Србија само неколку дена откако властите во Белград повторно ги воведоа визите за граѓаните на Иран.

Дневниот весник „Техеран тајмс“ објави дека станува збор за реципрочна мерка. Порталот „Ексјуевиејшн“ пренесе дека државниот ирански авиопревозник „Иран ер“ има намера да ги запре директните летови од Техеран за Белград на крајот на летната сезона, 27 октомври.

„Иран ер“ од почетокот на март годинава повторно почна да лета од Белград по пауза од 27 години. Летовите се одвива двапати неделно, а по „Иран ер“ авионска линија меѓу Техеран и Белград воспоставија и компаниите „Махар ер“ и „Квешм ер“, но во меѓувреме ги запреа летовите.

Српската Влада на 8 октомври донесе одлука да го укине безвизниот режим со Иран, кој беше воведен во август 2017 година. Од воведување на безвизниот режим, Србија ја посетиле повеќе од 15 000 Иранци, а многумина го злоупотребиле режимот и се обиделе да заминат во некоја од земјите на ЕУ. Локалните медиуми пренесуваат дека неколку стотина Иранци побарале азил во Србија.