Како што пренесува Ројтерс, Реза Асгари во последните неколку години од својата служба во министерството за одбрана соработувал со ЦИА и продавал информации за иранската ракетна програма.
Асгари од министерството заминал во пензија пред четери години.
Портпаролот на иранското обвинителство соопшти дека меѓу оние кои чекаат извршувањае на смртна казна е наоѓа и Махмуд Мосави Мајд, Иранец обвинет дека работел како шпион за американските и израелските разузнавачки служби.
Иран минатата година објави дека уапсиле 17 шпиони за кои тврдат дека работеле за американската Централна разузнавачка агенција.