Свет 09. декември 2019. / 16:56

Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД

Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф најави дека Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД, а на Твитер напиша дека за да се реализира такво нешто „топката е во американскиот двор“.

– Откако оваа недела го добивме заложникот, сега сме целосно подготвени за сеопфатна размена на затвореници – порача Зариф.


Техеран и Вашингтон во саботата во Цирих разменија затвореници – студент на постдипломски студии на американскиот Универзитет Принстон е ослободен во Иран во замена за иранскиот научник кој беше уапсен во САД, што е редок чин на дипломатската соработка меѓу двете земји по повеќемесечните тензии.