Свет 28. јули 2020. / 15:41

Иран бележи рекордни 235 починати од Ковид-19 за еден ден

Иран бележи рекордни 235 починати од Ковид-19 за еден ден

Во Иран во изминатите 24 часа регистриран е рекорден број смртни случаи од последици од Ковид-19 на дневно ниво.

Иранското Министерство за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие починале 235 лица.

Иран по бројот на инфицирани лица се наоѓа на 11 место во светот, а смртните случаи се зголемија од втората половина на април, кога беа укинати дел од рестриктивните мерки.

Во Иран потврдени се 296.273 случаи со новиот коронавирус, а од почетокот на епидемијата починале 16.147 луѓе.