Свет 03. август 2019. / 20:08

Инстаграм и ВацАп ќе ги менуваат имињата

Инстаграм и ВацАп ќе ги менуваат имињата

Фејсбук потврди дека ќе го смени името на двете апликации кои се сметаат за едни од најпопуларните на светот, Инстаграм и ВацАп, пишува Течрејдар.

Инстаграм ќе биде познат под називот Instagram from Facebook, а ВацАп ќе се вика WhatsApp from Facebook.

За ребрендирањето на двете апликации октрива порталот „Информејшн“.

Причината поради која ќе се менуваат имињата, како што пренесува порталот е да се знае дека двете се дел од Фејсбук.

Промените се последица на правилата кои се однесуваат на деловното работење на компанијата.