Индонезија ќе изгради нов главен град во провинцијата Источен калимантан на островото Борнео, најави министерот за просторно планирање, Софјан Дјалил.
Претседателот Јоко Видодо минатата недела формално му предложи на Парлемантот преместување на главниот град од Џакарта, кој е пренаселен и загаден и каде живеат над 10 милиони луѓе.
За првата фаза на развој владата има три илјади хектари, иако индонезискиот дел од Борнео е познат по тропските шуми, дивиот животински свет и рудниците за јаглен.
Преместувањето на административниот центар би чинело околу 33 милијарди долари, што вклучува канцеларии за новата влада и домови за околу 1,5 милиони државни службеници што се очекува да пристигнат до 2024 година.