Индонезиец кој работел во организација што помогнала за да се напише строг закон против неверство, беше осуден на камшикување во јавност откако бил фатен во прељуба со мажена жена, јави Би-би-си.
Муклис бин Мухамед од теолошкиот совет на Ачех во четвртокот бил казнет со 28 удари со камшик, а жената со која бил во врска заработила 23 удари со камшик.
Муклис е од многу конзервативен регион на Ачех, единствениот дел од Индонезија каде се практикува шеријатскиот закон.
Во таа провинција, со камшик се казнуваат истополовите односи и коцкањето, а според шеријатскиот закон и производството, продажбата и консумирањето на алкохол.
Cleric Flogged for Affair with Married Woman in Indonesia’s Sharia-ruled Acehhttps://t.co/GGAzXxHSZX pic.twitter.com/DN6sjRoloZ
— BenarNews (@BenarNews) October 31, 2019
–Тоа е Божји закон. Мора да се казни секој за кого ќе се докаже дека е виновен, дури и кога станува збор за член на теолошкиот совет – рекол заменик-градоначалникот на округот Ачех.
Најавено е и дека Муклис ќе го загуби и местото во советот.
Муклис (46), кој исто така е и религиозен водач, е првата верска личност камшикувана во јавност уште од влегувањето во сила на шеријатскиот закон во 2005 година.