Индиското воено воздухопловство соопшти дека кон крајот на февруари случајно собориле еден од своите хеликоптери за време на престрелката со пакистанските борбени авиони над индискиот контролен дел на Кашмир.
Шефот на индиските воздушни сили, Ракеш Сингн Бадурија го нарече инцидентот „голема грешка“. По завршената истрага поднесено е обинение против двајца офицери.
Инцидентот се случил на 27 февруари, кога со ракета земја-воздух бил погоден хеликоптер Ми-17 во Кашмир.