По повод 150. роденден на идеологот Махатма Ганди, Индија почна од 2. октомври со еколошка кампања за забрана за користење пластични предмети за едниократна употреба како кеси,шишиња, чаши , цевчиња…
Програмата на индискиот премиер Нарендра Моди ,Чиста Индија со години го носи заштитниот знак- очилата Махатма Ганди. Моди смета дека не е сторено доволно за да се заштити природата. Затоа Индија, како што е најавено, сака да го зголеми својот обновлив енергетски капацитет на 175 гигавати до 2022 година, а подоцна и на 450 гигавати. 150 милиони индиски семејства се снабдуваат со гас за да можат да готват еколошки, а има и многу други проекти насочени кон поодржливо користење на водните ресурси, рече Моди.
Како дел од роденденот на Ганди, забрането е употреба на пластични кеси, мали пластични шишиња, сламки и други предмети за еднократна употреба.
Индиската влада ќе мора да истрае да изврши забрана за пластиката,бидејќи во Индија пластичното пакување е широко распространето и вообичаено. Малите продавачи на улица не можат ни да замислат да живеат без тоа. Тие мислат дека најпрво треба да се изврши притисок врз производителите на пластични амбалажи. Сè додека се произведуваат полиетиленски кеси,тие ќе завршат на улица затоа што се поевтини од другите торби.