Свет 09. август 2018. / 12:21

Индија: Најмалку 19 лица загинаа при лизгање на земјиштето

Индија: Најмалку 19 лица загинаа при лизгање на земјиштето

Најмалку 19 лица загинаа при лизгање на земјиштето предизвикано од силните монсунски дождови во јужниот дел на Индија, додека патиштата беа отсечени и неколку села беа затрупани.

Некои области се целосно отсечени со лизгањето на земјиштето, а владата побара помош од армијата при расчистување и деблокирање на патиштата, објави „Асошиетед прес“.

Најмалку 58 лица загинаа пред две недели во северна Индија, поради поплави и уривање куќи.

Стотици Индијци страдаат секоја година за време на монсунските дождови, од јуни до септември, поради уривањето на куќите и поплавите.