Свет 18. август 2018. / 18:15

Индија: Над 300 луѓе загинаа, илјадници војници им помагаат на загрозените од поплавите

Индија: Над 300 луѓе загинаа, илјадници војници им помагаат на загрозените од поплавите
Индија распореди илјадници војници во спасувачката акција во индиската држава Керала каде поради поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови илјадници луѓе чекаат помош. Повеќе од 85.000 луѓе досега беа раселени, а спасувачки екипи со помош на хеликоптери и чамци евакуираат стотици други загрозени семејства.
Само денеска во поплавите животот го загубија околу 186 луѓе со што бројот се зголеми на над 300 загинати, соопштија властите и додаваат дека стравуваат дека ваквата бројка би можела и натаму да расте. Загриженоста кај властите е уште поголема посебно поради предупредувањето на државната метеоролошка служба, која посочи дека дождови може да се очекуваат и во наредните денови.
Обилни дождови во јужната држава Керала има повеќе од една недела. Досега надојдената вода направи штета на стотици објекти. Голем број на граѓани останаа без покрив над глава, а досега над 100.000 луѓе се сместени во прифатни кампови.