Свет 17. август 2018. / 10:26

Индија: Над 160 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

Индија: Над 160 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

Повеќе од 160 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови во јужната индиска држава Керала.

Повеќе од 85.000 луѓе пак се раселени, а спасувачката акција и евакуација и натаму трае. Спасувачки екипи со помош на хеликоптери и чамци евакуираат стотици загрозени семејства.

Властите стравуваат дека бројот на загинати би можел и натаму да расте, посебно поради предупреувањето на државната метеоролошка служба, која издаде црвено предупредување во Керала, и посочи дека дождови може да се очекуваат и во наредните денови.

Во тек е спасувачка операција, а федералната влада испрати дополнителни сили да им помогнат на локалните служби.

Според официјалните претставници илјадници луѓе се заробени од надојдената вода, а властите ги повикаа и рибарите да помогнат во спасувачката акција.

Надојдената вода досега направи штета на стотици објекти.