Свет 12. септември 2018. / 14:27

Индиец и ја отсекол главата на сопругата и ја однел во полициска станица (ВИДЕО)

Индиец и ја отсекол главата на сопругата и ја однел во полициска станица (ВИДЕО)

Бесен Индиец влегол во полициска станица во Чикмагалур, место на југ во Индија, носејќи ја главата на сопругата и мавтајќи со крвавата мачета со која ја убил.

Кога тој ја извадил главата од вреќата за да ја покаже да ја видат сите, неколку полицајци вџашено вреснале и му рекле да ја врати назад во вреќата.

-Господине, ова е мојата сопруга. Ја сакав со целото срце-вознемирено им кажал на полицајците.

Тој ја обвинил дека таа го изневерувала и рекол дека побеснил кога ја видел со љубовникот. Таа наводно му фрлила око на човек со криминално досие. Според неговите зборови, тој се грижел и правел се за неа, а таа земала кредит од 3.600 евра и му ги дала парите на љубовникот.

 

Полицајците едвај го смириле, а потоа го наговориле да ги однесе до нејзиното тело. Таму го уапсиле.

Убиецот и жртвата биле во брак седум години и имале две малолетни деца.

-Знаевме дека имаат проблеми. Неколку пати им дававме совети, но не знаевме дека таа се гледала со друг човек- рекол извор на полицијата.

Извор: српски „Курир”