Свет 21. јуни 2018. / 12:16

Имигрантската криза во САД: Поплава од лажни вести и обвинувања против Трамп

Имигрантската криза во САД: Поплава од лажни вести и обвинувања против Трамп

Кога ќе направите нелегално дело, нормално е судски да бидете процесуирани, и доколку се докаже вашата вина, нормално е да сносите санкции кои се предвидени со закон, истото важи и за нелегалното преминување на било која граница. Анти-Трамп хистеријата, која американската и меѓународната левица ја почнаа со неговата изненадна победа на претседателските избори, овојпат на крајно подмолен начин, се користат со силни емотивни приказни (одвојување на одредени семејства) кои се тотално ирелевантни за било кој правен процес.

Се работи за кампања која е почната уште на 5 Декември 2016 година, пред Доналд Трамп воопшто да ја превземе функцијата претседаел на САД.  На тој ден, во Калгари-Канада, свикан е самит на левата фракција на американските Демократи (Сенаторите: Чак Шумер, Ненси Пелоси, Елизабет Ворен, Берни Сандерс, и др) и невладиниот сектор на Џорџ Сорос. Заклучокот на тој самит, изнесен од самиот Сорос, е дека ќе бидат превземени сите мерки да не дојде до реизбор на Доналд Трамп во 2020 година, и по можност истиот да биде отповикан пред истекот на неговиот мандат. Во таа кампања се вклучени преку 5 милиони активисти на институтот Отворено Општество, орагнизирани во над 120 Невладини Организации, и целата кампања е медиумски поддржана од медиумите како Си Ен Ен и Ем Ес Ен Би Си, каде многу од новинарите и уредувачите се поранешни стипендисти и сегашни подржувачи на Отворено Општество (читај Сорос). Понатаму, нивните вести се едноставно пренесувани низ светот од останатите медиуми, додека протестите на НВО секторот се претставени како наводно „незадоволство на јавноста“.

Реалноста е сосема поинаква… администрацијата на Трамп едноставно спроведува закони на дело, и ништо повеќе од тоа. Најголемиот дел од тие закони се донесени во периодот 1997-2010 година, од администрациите на Бил Клинтон и Барак Обама. Идеата за физичка бариера (некогаш ограда, денес ѕид) со Мексико, е стара уште од времето на Бил Клинтон. Тоа е првиот претседател кој јавно зборува за проблемите со нелегалната имиграција од Мексико, за што постои и видео на Јутјуб, иако постојат политичари (како Мајк Хакби) кои тоа јавно го барале и пред Клинтон. Значи и ѕидот со Мексико, и законите според кои денес се гонат нелегалните имигранти, се дело на севкупната американска политика, и се согласно американските закони, а не по воља на Трамп. При спроведувањето на било кои закони, емоциите се ирелевантни. На судовите воопшто не смее да им биде грижа судбината на децата на оние кои ги прекршиле законите, ниту пак смеат да паѓаат на несериозните приказни дека првите доселеници во Америка (оние од 15-тиот век) дошле без виза. Законите мора да бидат спроведени на дело, без разлика на мислењата во врска со актуелниот претседател.