Илјадници луѓе демонстрираа во Рим, Италија, во сабота, предводени од синдикатите барајќи политики за раст на популистичката влада, најголем ваков протест во последните четири години.
Синдикатите помогнаа демонстранти од целата земја да дојдат до главниот град со 12 возови, 1.300 автобуси, фериботи и нискобуџетни авионски летови.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Иднина за трудот“, а повикаа на масовен публицитет и програми за инвестиции од приватни фондови, како и реформи различни од оние кои планира владата да ги спроведе, односно составени од политиките на левичарската лига, и антивладиното движење Пет ѕвезди.
Според синдикатите, владините мерки се многу претпазливи, реформата на пензискиот фонд недостижна а го критикуваа и планот за помош на најсиромашните Италијанси со месечна помош, затоа што сметаат дека така нема да се изборат против сиромаштијата и невработеноста.
На протестот немаше инциденти.
Италијанската верзија на француските протести на „жолти елеци“ беше откажана за денеска, поади стравувања од насилства.