Свет 15. октомври 2019. / 13:06

Илјада американски војници остануваат на Блискиот исток, соопшти Трамп

Илјада американски војници остануваат на Блискиот исток, соопшти Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека околу 1000 американски војници, на кои претходно им беше наредено да се повлечат од Сирија, сепак ќе останат на Блискиот исток, како би се спречило т.н оживување на Исламска држава.

Доналд Трамп во пишаното соопштение објави дека војниците ќе бидат распоредени и дека ќе останат во регионот, пренесува Асошиејтед Прес.

Како што се наведува, нивната улога ќе биде да ја следат ситуацијата и да спречат евентуално повторување на 2014 година, кога припадници на ИД, организирани во Сирија, преминаа во соседен Ирак и ја презедоа контролата на северот и западот на земјата.

Трамп потврди дека мал број на американски војници ќе останат во сириската база на југот од земјата.