Свет 03. јули 2018. / 10:07

И во Германија се славеше победата на Русија, навивач е уапсен бидејќи пукал со автомат

И во Германија се славеше победата на Русија, навивач е уапсен бидејќи пукал со автомат

Навивачи на руската репрезентација во германскиот град Есен бучно ја славеа победата над Шпанија во натпреварот од 1/8 финалето на Светското фудбалско првенство.

Како што објави „Вестдојче Цајтунг“ полицијата запрела бел Мерцедес во центарот на градот. Во автомобилот биле пет лица, вклучувајќи и 11-годишно дете, но и автоматска пушка АК-47.

Сепак, оружјето се покажало како несоодветно за пукање, но ова не го спасило лицето од кривична пријава.