Свет 25. март 2020. / 14:05

И Шпанија ја надмина Кина според смртните случаи од корона вирусот

И Шпанија ја надмина Кина според смртните случаи од корона вирусот

Шпанија објави 738 нови смртни случаи од корона вирусот за последното деноноќие, со што бројката се искачи на 3.434 и таа е поголема од бројот на починатите во Кина, која, пак, денеска соопшти за нови четворица почината, со што вкупниот број достигна 3.281 лице, јавува АФП.

Со ова Шпанија го забележа најголемиот скок на смртните случаи од почетокот на пандемијата, зашто во текот на последното деноноќие претставува скок од над 27%.

Вкупно 47.610 граѓани се тестирани за Ковид-19, а во последните 24 часа се потврдени нови 7.937 заболени, што претставува негативен рекорд на ниво на целата држава и претставува пораст од 20% во споредба со вчерашните податоци.

Шпанија е веќе на второто место во светот според смртноста од корона вирусот, откако во вчера, вторник, во Италија беа потврдеени 6.820 смртни случаи.

Регионот на Мадрид останува најтешко погоден од корона вирусот со 14.597 инфекции, што е малку под една третина од вкупниот број во државата, и со 1.825 смртни случаи или 53% од тие на национално ниво.