Свет 17. ноември 2019. / 11:30

И покрај протестите ширум земјата, Хамнеи ја поддржа одлуката за поскапување на бензинот во Иран

И покрај протестите ширум земјата, Хамнеи ја поддржа одлуката за поскапување на бензинот во Иран

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, ја поддржа одлуката за зголемување на цената на горивата, порди која има протести во неколку градови низ Иран.

Ајатолаотх за државната телевизија изјави дека не е стручен и дека има различни мислења, но дека ја поддржува одлуката на шефот на државата, претседателот на парламентот и шефот на судските власти. Во обраќањето тој ги нарече демонстрантите насилници поттикнати од странски непријатели.

Иранската влада во петокот објави зголемување на цената на горивото од најмалку 50 проценти.

Горивото досега чинеше 10.000 ријали, или помалку од осум евро-центи. Новата цена е 13 центри за литар односно 50 центи за галон и е најниска во светот.

Протести против таквата одлука се одржаа во неколку ирански градови.