Свет 13. ноември 2020. / 13:39

И покрај делумниот карантин Германија забележа нов рекорд на заразени од Ковид-19 на дневно ниво

И покрај делумниот карантин Германија забележа нов рекорд на заразени од Ковид-19 на дневно ниво

Во Германија последните 24 часа се забележани рекордни 23.542 новозаразени со Ковид-19 и 218 смртни случаи од последиците на вирусот, највисока бројка од почетокот на пандемијата.

И покрај делумниот карантин воведен на 2 ноември, седумдневниот просек на нови случаи на заразување остана над 18.500.

Берлин, Бремен, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Баварија се региони кои се најтешко погодени од вирусот.

Бројот на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега речиси е удвоен во изминатите две недели, достигнувајќи 3.186. Речиси половина од нив се на респиратор, според податоците на Асоцијацијата за ургентна медицина „ДИВИ“.

Германија е петтата земја која е најтешко погодена од Ковид-19 во Европа, по Франција, Шпанија, Велика Британија и Италија.

Вкупната бројка на заразени во земјата изнесува 751.095 лица, додека 12.200 починаа од последици предизвикани од вирусот.