Изборниот одбор во Њу Јорк добил гласачко ливче од страна на почината жена!
Весникот Њу Јорк Пост објавува ексклузивни информации според кои се тврди дека изборниот одбор во Њу Јорк, по пошта има добиено гласачки ливчиња од страна на жена која е почината уште во 2012-та година.
Извештајот покажува дека одборот добил гласачко ливче испратено во отсуство од страна на Францес Рекхау, регистрирана како Демократски гласач.
Имено, Рекхау го има испратено своето гласачко ливче на 6-ти октомври, а истото е примено од страната на избирачкиот одбор и признаено како валидно два дена подоцна. Проблемот кој се појавува кај овој случај е фактот дека Рекхау е родена на 6-ти јули, 1915-та и денес би имала 105 години.