Свет 15. март 2021. / 08:51

И Холандија времено ја запира употребата на „АстраЗенека“

И Холандија времено ја запира употребата на „АстраЗенека“

Холандија ќе запре со користење на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 најмалку до 29 март како мерка на претпазливост, соопшти синоќа холандската Влада.

Одлуката, која следи по сличен потег на Ирска претходно во текот на денот, е одговор на извештаите од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти, се вели во соопштението.

Тројца здравствени работници во Норвешка кои неодамна беа вакцинирани со производот се хоспитализирани поради крварење, згрутчување на крвта и тромбоцитопенија, соопштија здравствените власти.

„АстраЗенека“ вчера соопшти дека спровела проучување на здравствените податоци на повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани со нејзиниот производ во Европската унија и Велика Британија и не открила никаква врска помеѓу вакцината и таквите здравствени состојби.