Свет 16. август 2018. / 21:14

И газдата на „Бенетон“ виновен за падот на мостот во Џенова

И газдата на „Бенетон“ виновен за падот на мостот во Џенова

Компанијата „Автопати на Италија“, која управувала со мостот во Џенова кој се урна од удар од гром, му припаѓа на концернот Атлантија, зад кои, меѓу останатите, стои и Бенетон.

Ова семејство на италијански индустријалци – познато по истоимената модна марка – има 30% удел во концернот и е најголем акционер.

Атлантија минатата година оствари нето-добивка од 1,7 милијарди евра и обрт од 5,97 милијарди евра, пишува германски Билд. Оваа компанија управува со повеќе од 5.000 км автопатишта, главно во Италија, но и во Бразил, Индија, Чиле и Полска.

Италијанската влада смета дека за уривање на надвозникот одговорна е „Автопати на Италија“ и има намера да ѝ ја земе дозволата.

Атлантија денеска соопшти дека начинот на кој италијанската влада најавува дека пред крајот на истрагата ќе ѝ ја одземе концесијата на „Автопати на Италија“, ќе им нанаесе штета на инвеститорите во оваа инфраструктурна група и порачува дека за раскинување на договорот за концесија треба да се утврдат конкретни пропусти во работењето на компанијата и причината за уривањето на мостот.

Во меѓувреме, медиумите веќе јавуваат дека Атланитја денеска имала проблеми на берзата, а бројот на настрадани веќе е 39.