Свет

Хорор во Индија: Силувале и запалиле тинејџерка

Хорор во Индија: Силувале и запалиле тинејџерка

Индиската полиција уапсила 14 луѓе поради сомнеж дека киднапирале, силувале и запалиле тинејџерка на истокот на Индија.

Новото убиство уследи по серијата насилства на жените во Индија наспроти заострувањето на законите.

Напаѓачите киднапирале девојче на свадба во селото Чатра во индиската држава Џарканд, повеќе пати ја силувале и ја пуштиле да си оди дома.

Членовите на селскиот совет ги казниле напаѓачите со 50.000 рупии (770 долари). Тие ги претепале членовите на семејството поради тоа што ги пријавиле, а тинејџерката ја запалиле кога ја пронашле сама дома. Девојчето загинало од здобиените изгореници.

Индија ја потресува серија напади на жени од 2012.