Австриец е обвинет за убиство на жена, кој подоцна ја пресекол на парчиња и деловите од нејзиното тело ги замрзнал, за да ги јаде, пренесува Индепендент.
Името на монструмот не се објавува, но станува збор за 63-годишен маж од Виена, кој наводно признал дека ја убил жената во неговата зграда, на крајот од март и ја пресекол на парчиња.
Торзото, главата и други делови од жената биле пронајдени во средината на април во езеро во југоисточна Виена, каде што осомничениот имал кабина и чамец.
Други делови од телото биле пронајдени во замрзнувачот во неговиот стан.
Според вештаците, жртвата, чиј идентитет е сеуште непознат, се верува дека била на возраст помеѓу 20 и 30 години, тенка и висока околу 155-165 сантиметри.
Се верува дека монструмот ја запознал жртвата на железничка станица во Виена.