Непознати сторители, пред редакцијата на весникот „Експресо“ во мексиканскиот град Сиудад Викторија, оставиле отсечена човечка глава во ладилник за пикник и заканувачка порака.
Малиот ладилник оставен пред седиштето на медиумот го забележале неколку родители кои што ги оставиле своите деца во градинката во близина, по што веднаш ја повикале полицијата, веројатно мислејќи дека станува збор за бомба.
Откако полицајците го отвориле фрижидерот, останале во шок – пронашле отсечена човечка глава и заканувачка порака.
-За весникот поврзан со договорите со владата на Франциско Гарсиа Кабеза Де Вака вредни милиони долари, ви порачуваме дека тие пари нема да ве спасат, а ова е доказот. Продолжите да молчите и ќе видите, пишувало на пораката која што стоела покрај ладилникот со отсечената човечка глава.
Пред просториите на истиот весник во 2012-та година биле активирана експлозивна направа сместена во автомобил. Тогаш за среќа никој не бил повреден, но била причинета голема материјална штета.