Свет 10. август 2018. / 09:57

Хорор на одмор: Со хеликоптери евакуирани над 1500 кампери во Франција (ФОТО+ВИДЕО)

Хорор на одмор: Со хеликоптери евакуирани над 1500 кампери во Франција (ФОТО+ВИДЕО)

Стотици спасувачи со помош на хеликоптери извршија итна евакуација на околу 1 600 кампери, во јужна Франција, поради обилните врнежи од дожд кои предизвикаа пополави.

Реките и потоците кои се наоѓаат во тие региони се излеани од своите корита, поради големо количество на дожд.

Според француското министерство за внатрешни работи, регионот Гард е најпогоден, каде од еден камп се евакуирани околу 119 деца, главно од Германија, кои таму биле на одмор.

Франција пред поројните дождови кои недела предизвикаа и поплави на одредени места, и престоеше доста топол период.

Поради жештините во земјата беа затворени четири нуклеарни реактори, а беа воведени и ограничувања автомобили и мотори.