Осумнаесетгодишната студентка Ангелина Литвињенко, пронајдена е мртва со пресечени шаки во Сибир, откако влегла во автомобил на поранешен осуденик за убиство, чиј оглас го пронашла на популарната апликација за првоз БлаБлаКар.
Руската полиција објави фотографија од сопственикот на возилото Н.В. Лебедев (47), кој бил осуден за двократно убиство, но е ослободен по 15 години затвор.
Лебедев е повикан во полиција, каде изјавил дека не ја убил тинејџерката.
Девојката влегла во неговиот автомобил во Абакан, за да стигне до селото Краснотуранск, оддалечено 120 километри, каде живееле нејзините родители. На мајка и и се јавила по пат, но никогаш не стигнала дома.
Телото на тинејџерката без шаки е пронајдено на 13 мај, ден откако родителите пријавиле дека таа е исчезната.