Свет 02. јуни 2020. / 12:55

Хонг Конг ја продолжи забраната за влез на странци за нови 3 месеци

Хонг Конг ја продолжи забраната за влез на странци за нови 3 месеци

Министерката за храна и здравје во Хонг Конг, Софија Чан во вторникот изјави дека градот ќе ја продолжи забраната за влез на странски туристи за уште три месеци, како резултат на пандемијата на корона вирус. Дополнителено уште на две седмици на сила останува забраната за групирање на јавно место на повеќе од осум луѓе.

Во меѓувреме, ограничувањата за влез ќе останат во сила до 7 јули за патниците од Макао, Тајван и копното на Кина, a до 18 септември за луѓето од други места.

Чан ги негираше тврдењата дека владата ја продолжила забраната за собирање за да ги спречи граѓаните да ги одбележат претстојната годишнина од протестите.

– Тоа што се дискутираше во извршниот совет утрово, во однос на законодавството и различните ограничувања, навистина се заснова врз основи на јавното здравство, рече таа.

Одлуките се донесени откако неодамна повторно се регистрирани нови случаи на заразени со Ковид-19 кои се регистрирани по 16-дневна низа, без случаи на локален пренос во Хонг Конг.