Бегајки од Јужна Африка на почетокот на 1990-тите, каде почнува расниот терор врз белото цивилно население, Елон Маск се сели во Канада каде живее се до 1995/96 година. Племенската логика на Нелсон Мендела, според која расната одмазда била сосема нормален процес, создаваат услови за одлив на многу квалитетни луѓе од Јужна Африка, меѓу кои и тогаш младиот Маск.
Но Канада, земјата позната по обемните социјални трошоци, кои се финансираат со безмилосно оданочување на приватните бизниси, не му овозможила на младиот Маск рапиден успех како претприемачка и капиталистичка Америка. Со неговото преселување во Америка, Маск отпочнува проекти кои за кратко време го прават не само еден од највлијателните луѓе во САД и светот, туку и вистинска претприемничка икона, еднаква или барем блиска на Тесла, Форд, Едисон, Кодак…
Елон Маск најнапред ја основа компанијата Zip2, чии програми и овозможуваат на тогашната компанија COMPAQ добивка од 340 милијарди долари во 1999 година. Истата 1999 година, Маск ја основа компаниајта Х.сом чии најпознат проект е Pay Pal, најупотребуваната он-лајн платформа за трансфер на пари. Во 2002 година, Pay Pal остварува добивка од над 1,5 милијарди долари. Брзината со која растат компаниите на Маск, може единствено да се спореди со брзината на раст на Мајкрософт на Бил Гејтс, или евентуално со онаа на Форд, на почетокот на 20-тиот век. За само неколку години, Маск го воодушевува светот и со електричниот и многу брз автомобил Тесла, наречен по големиот научник, иноватор и претприемач од српско потекло. Потоа следат проектите за електричен авион со вертикално полетување, како и spacex.com. Првата успешна приватна вселенска програма. Елон Маск денес има богатство вредно околу 20 милијарди долари.
И после целиот овој успех, типичен за едно капиталистичко општество, во кое им служите на вашите клиенти, создавајки богатство за себеси, данок за општеството и работа за невработените…Елон Маск ја шокира јавноста со отворено плукање врз системот кој му го овозможи ваквиот неверојатен успех. Одговарајки на прашање поставено на неговиот профил на Твитер, Маск вели дека бил социјалист. Притоа не објаснува зошто не побегнал од Јужна Африка накај Куба, или накај Венецуела, која во време на појавата на Pay Pal почнала да го гради сопствениот „Црвен Рај“ под команда на тогашниот Хуго Чавез…и каков ли би бил неговиот живот и кариера во општества од таков тип? Никаде неможеме да прочитаме некакво логичко објаснување за ваквиот шокантен трол на еден човек кој сигурно не е, ниту наивен, ниту неписмен. Останува само да констатираме дека свеста на луѓето е променлива категорија, и кога се во прашање општествените теми, идеалистичките утопии знаат да бидат посилни од реалноста.
A socialist
— Elon Musk (@elonmusk) June 15, 2018