Поранешната американска државна секретарка и кандиодатка за претседател на САД, Хилари Клинтон изјави дека жените политичарки се соочуваат со насилство во врска со женските права, што е поттикнато од социјалните медиуми кои наградуваат насилни постови и теории на заговор.
На собир во центарот на Лондон, каде што ја претставуваше книгата за женските лидери што ја напишала со својата ќерка Линдзи, Клинтон кажа дека жените под строгото око на јавноста и натаму се соочуваат со притисокот за тоа како изгледаат, како и дека мора да се однесуваат пристојно и кротко.
Оваа изјава на Клинтон доаѓа откако голем број жени во британскиот Парламент соопштија дека нема да се кандидираат на претстојните избори, закажани за 12 декември, затоа што добиле бројни закани и вознемирувања преку социјалните мрежи.
– Постои реакции врз многу успешни жени и на улогата на жената сега. Мислам дека тоа го поттикнаа социјалните мрежи на многу деструктивен, токсичен начин – изјави Клинтон.
Таа кажа дека е оптимистка за идните политички кандидатки и за остантите кои ќе посегнат кон сферите во кои доминираат мажите, но дека се потребни промени за да се обезбеди тие да имаат еднакви шанси за успех.