Свет 12. јануари 2020. / 23:27

Хезболах порача дека нападот врз американските бази во Иран е само почеток на одмаздата кон САД

Хезболах порача дека нападот врз американските бази во Иран е само почеток на одмаздата кон САД

Лидерот на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Насралах се закани дека иранскиот напад врз двете американски воени бази во Ирак е само почеток на одмаздата за американскиот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Насралах го опиша ракетниот напад како шлаканица за Вашингтон, со цел да се испрати порака. Тој додаде дека тоа е само прв чекор кон остварување на целта да се обезбеди повлекување на американската војска од регионот.

– Американците мораат да ги отстранат своите бази, војниците, бродовите и службениците од нашиот регион. Зборуваме за почеток на фаза, за нова борба и за нова ера во регионот – истакна лидерот на Хезболах.

Насралах изрази благодарност поради поддршката на Сулејмани за Хезболах и нагласи дека светот е поинакво место по неговата смрт, а не побезбедно како што тврдат американските официјални претставници.