Стотици илјади Шпанци во регионот на Каталонија протестираа денеска во Барселона, откако шпанскиот Врховен суд осуди деветмина политичари и активисти на 9 до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот референдум за независност на Каталонија 2017 година.
Како што пренесува АП, митингот е организиран од групи што сакаат да создадат нова држава во североисточна Шпанија.
Каталонските власти беа осудени на 9 до 13 години затвор за бунт. Сите се ослободени од тешкиот криминал на вооружениот бунт.
Пресудите предизвикаа мирни протести во Барселона и другите околни градови кои подоцна ескалираа во жестоки судири со полицијата.