Свет 11. август 2018. / 10:28

Хаос во Романија: Над 400 лица повредени во судир со полицијата (ФОТО+ВИДЕО)

Хаос во Романија: Над 400 лица повредени во судир со полицијата (ФОТО+ВИДЕО)

Романските власти соопштија денеска дека 440 лица се повредени, меѓу кои 24 припадници на полицијата, во судирот на демонстрантите и полицијата, кој изби во Букурешт за време на протестот на илјадници Романци кои живеат во странство, а се незадоволни од работата на левичарската влада.

Службата за вонредни состојби наведува дека 65 од повредените се задржани во болница.

Судирите избија синоќа кога десетина илјади учесници на протестот се обидоа да го пробијат полицискиот кордон околу владините објекти, пренесува АП.

Повеќе лица се привдени, а полицијата неколку пати користела и воден топ.

Како што соопштува итната помош во Букурешт, меѓу повредените има и демонстранти и полицајци, од кои некои се здобиле со повреди на главата, а други настрадале од солзавец.

Претседателот на Романија Клаус Јоанис, критичар на владата, соопштил дека „остро ја осудува брталната интервенција на полицијата за разбивање на протестите“.

Романците кои живеат во странство протестот го започнаа во петокот против левичарската влада во Букурешт, барајќи нејзина оставка и залагајќи се за предвремени избори.