Свет 26. ноември 2018. / 17:30

Хан: Русија итно да ги ослободи украинските морнари и бродови

Хан: Русија итно да ги ослободи украинските морнари и бродови

Европскиот комесар, Јоханес Хан побара од Русија да ги ослободи морнарите и бродовите кои вчера беа запленети во близина на теснецот Керч.

– Развојот на ситуацијата во Азовското море е неприфатлива. Русија мора веднаш да ги ослободи екипажот и пловилата, а на повредените да им пружи медицинска помош. Керч мора да се отвори за пловилата непречено да минуваат. Важно е итно да дојде до деескалација. – порача Хан на Твитер.

Руските сили од вчера запленија три брода на украинската морнарица во керченскиот теснец, помеѓу Црното и Азорското море, наведувајќи дека нелегално навлегле во руските територијални води.

Европскиот комесар повика на отворање на преминот, иако генералниот директор на кримското пристаниште, Алексеј Волков претходно денеска изјави дека пловидбата низ овој теснец се одвива нормално, пренесе „ТАСС“.

Во меѓувреме во Украина е воведена вонредна состојба.