Сојуз на опозициските партии и бунтовниците на Конзервативната партија ги има потребните гласови во Долниот дом за да ја порази владата на премиерот Борис Џонсон за „Брегзит“, увери поранешниот министер за финансии на Велика Британија, Филип Хамонд, цитиран од Ројтерс.
Изјавата на поранешниот министер доаѓа неколку часа пред отворањето на новата парламентарна седница по летната пауза, на кој се очекува противниците на „Брегзит“ легално да го спречат излегувањето на Велика Британија од Европската унија на 31 октомври, кога истекува уште едно одложено спроведување на член 50, дадено од Брисел на поранешната премиерка Тереза Меј.