Свет 08. февруари 2020. / 13:45

Хамнеи ги нарече американските санкции кон Иран „криминален акт“

Хамнеи ги нарече американските санкции кон Иран „криминален акт“

Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги нарече американските санкции кон неговата земја „криминален акт“.

Зборувајќи на националната телевизија, Хамнеи оцени дека санкциите може да се претворат во нова шанса за иранската економија да не зависи само од извозот на нафта.

Во своето обраќање до нацијата, Хамнеи го потврди својот цврст политички курс и ги повика Иранците да се консолидираат во одбрана на виталните национални интереси.

Од минатомесечното убиство на генералот Сулејмани во Ирак, Иран инсистира на засилување на дипломатските активности и контакти, но истовремено ја изразува и својата подготвеност, доколку тоа биде потребно, и воено да се спротивстави на американските предизвици.