Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Фајзер.
„Важно е да се напомене дека ниту системот на Бионтек, ниту на Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани. Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европското право“, се вели во соопштението на Фајзер.
Оттаму додаваат дека земајќи ги предвид клучните размислувања за јавното здравје и важноста на транспарентноста, ќе продолжат да даваат јасни информации за сите аспекти на развојот на вакцините и регулаторниот процес.